Пејачката Аврил Лавињ по само четири месеци врска раскина со раперот Тајга. Двајцата потврдија дека се разделиле, но објаснија дека ќе останат во добри односи. Одлуката да раскинат ги изненади фановите, затоа што Лавињ до последниот ден го носела неговото ланче од 80.000 долари кој ѝ го подари во март.

Првпат беа видени во февруари во Нобу Малибу недолго откако Лавињ ја прекина веридбата со бившиот Мод Сан.

Лавин и Сањ имаа проблеми и по неколку пати раскинуваа и се смируваа сè додека конечно не ја ставија крај на врската. Медиумтие пишуваа дека неверството не било причина за разделбата.

Две недели подоцна, Лавињ беше видена со Тајга. Двајцата потврдија дека се заедно за време на модната недела во Париз на 6 март. Раперот во последните месеци работи на снимањето и промовирањето на неговите најнови песни.

За потсетување тој стана познат по врската и со реалити ѕвездата Кајли Џенер (25) на која ѝ купуваше скапи подароци. Двајцата раскинаа по три години врска.