Walk and Talk нова психотерапевтска метода која го освојува светот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Прошетка и разговор, или на англиски познато како „walk and talk“, или скратено „walk’n’talk“ е нова психотерапевтска техника која ја препорачуваат сè повеќе терапевти низ светот. Одењето има многу поволности за физичкото и менталното здравје.

Експертите тврдат дека квалитетната и добра психотерапија може да се одвива и надвор од четири ѕида, а често им се случува клиентите што ја користеле оваа метода да престанат со класичните терапевтски сесии. Во оваа метода темпото го одредува клиентот, кој истовремено зборува со терапевтот.

Предности и недостатоци

Престојот на отворено има многубројни лековити својства. Во методата најважни се три главни компоненти: движењето, разговорот и природата. На почетокот многу клиенти се грижат дека ќе бидат видени како одат со терапевт, но терапевтите велат дека никој не обрнува внимание на нив и не се грижи што правите. Доколку се случи клиентот да сретне познато лице, најчесто го претставува терапевтот како пријател.

Кога станува збор за емоциите, тука нема посебни правила. Искусните терапевти знаат дека со себе мора да имаат марамчиња, а се случува клиентите да се ослободат од емоциите за време на пешачењето.

Психотерапевтите што ја користат оваа метода се одлучуваат за неа бидејќи движењето ослободува допамин, кој овозможува создавање на нови идеи и позитивни мисли. Освен тоа, природата нуди многу животни метафори кои може да се користат за приземјување на клиентот, особено кога се во прашање вежби за фокусирање на свесноста.

Згора на тоа, доволно е да пешачите 15-30 минути дневно за да го намалите ризикот од различни кардиоваскуларни заболувања, деменција, депресија и анксиозност, како и болести на коските и мускулите.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...