Oпасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче

Date:

Откриена е приватна дива депонија во општина Ѓорче Петров од инспекторите за животна средина на Град Скопје и од полициската станица Ѓорче Петров. Сторителите биле затекнати во извршување на криминално дело пред 20 сведоци, а на локацијата дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад, откри градоначалничката на Град Скопје Даниела Арсовска на денешната прес- конференција.

„Се работи за детектирана еколошка катастрофа која во општина Ѓорче Петров се случувала на парцела од 4.000 метри квадратни приватен имот и околу 5.000 метри квадратни имот на Република Македонија во непосредна близина на реката Лепенец, на локација оддалечена неколку стотина метри од новата пречистителна станица која ја гради општина Ѓорче Петров, а е финансирана од Европската Унија”, објасни Арсовска.

Приватната дива депонија била во сопственост на фирма за која се водат и други истраги, а била во сопственост на лице вработено во Општина Ѓорче Петров во секторот финансии. Од неодамна, како што рече Арсовска, лицето било избрано и за член на раководството на Синдикат на вработените во општината.

Таа не го соопшти неговото име, ниту пак името на фирмата.

„Од прибраните докази е констатирано дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица кои не само што предизвикале еко-катастрофа, со истурање отпад во заштитената зона на реката Лепенец, туку се осомничени и за сторен финансиски криминал”, рече градоначалничката и праша дали Општина Ѓорче Петров е најголемиот клиент на лицата кои вршеле екоцид.

Дополнително, според Арсовска, пронајдена била нелегална документација и тетратка во кои се водела книговодствена евиденција каде се покажува дека покрај градежните фирми и приватни лица, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е токму општината. Документацијата покажала и дека се наплатувало меѓу 1000 и 1200 денари за депонирање на отпадот.

Општина Ѓорче Петров, рече Арсовска, нема склучено договор со единствената регистрирана санитарна депонија ЈП Дрисла за одлагање комунален и општински отпад.

Градоначалничката изјави дека веќе е поднесена кривична пријава во МВР против лицата кои правеле бизнис штетен за здравјето на граѓаните, а најави и кривична пријава против градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

Од општината Ѓорче Петров, пак, тврдат дека никогаш не депонирале отпад нелегално на посочената локација, ниту пак создавале диви депонии.

„За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад. Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие. Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции”, се вели во нивното соопштение.

Од општината велат дека наместо да води висока политика и да „кажува ловечки приказни“, градоначалничката треба да се погрижи за акутните проблеми на градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...