Oбвинение за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за луксузното „Ауди“ вредно 67 илјади евра

Date:

По неколку години предистрага, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција деновиве поднело обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 67 илјади евра.

Ова беше соопштено на брифингот со новинарите што го организираше шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во новите простории на зградата.

Мерко се товари за злоупотреба на службената положба и овластување односно член 353 став четири од Кривичниот законик и му се заканува затворска казна од една до пет години затвор.

Обвинението сега е поднесено во Кривичниот суд во Скопје, но доколку овој суд се прогласи за ненадлежен предметот, готов, со сите докази, ќе биде пратен во струшкото обвинителство за по него да постапува судот во Струга.

Предметот е итворен по иницијатива на Антикорупциската комисија поднесена во 2020 година за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила, меѓу кои и „ауди А6“ вредно 67 илјади евра.

Мерко е ставен и на „црната листа“ на САД, но досега за него нема поднесено друго обвинение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...