Платформата „Netflix“ на 15-ти март премиерно ќе го прикаже филмот „Money Shot: The Pornhub Story“, документарен филм за една од најпосетуваните веб-страници во светот – „Pornhub“.
Како што се наведува, документарецот е хроника на скандали поврзани со сексуалната трговија и цензурата, а содржи интервјуа со сексуални работници, активисти и поранешни вработени порно актерки.
„Документарецот „Money Shot“ покажува како „Pornhub“ од темел ја промени забавата за возрасни, дозволувајќи им на еротските содржини да допрат до огромна публика и претворајќи ја порнографијата во индустрија вредна повеќе милијарди долари. Документарецот ги истражува тврдењата за материјалите без согласност и трговијата на страницата, како и последователните мерки на „Pornhub“ против сопствената содржина“, наведуваат од „Netflix“.
Иако сè уште не е прикажан, документарецот веќе е критикуван од страна на некои корисници на стриминг платформата, велејќи дека „PornHub“ е одговорен за свесното заработување од сексуалната трговија.
Сепак, некои сметаат дека луѓето во оваа индустрија истовремено се бореле за својата егзистенција додека новиот бран на цензура се заканувал на нивната порнографија.
Овој документарец е во режија на Сузан Хилинџер, а продуценти се „Jigsaw Productions“ и Ники Карико. Извршни продуценти се Стејси Офман и Ричард Перело, додека Ерин Едејкен се потпишува како надзорен продуцент. „Money Shot“ е уреден од страна на Алексис Џонсон, а композитор на музиката е Кајл Скот Вилсон.