Meгаломанскиот буџет влезе во собраниска процедура, според опозицијата тој е за криминал и корупција

Date:

Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет.

Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

Според министерот за финансии, во Предлог-буџетот планирани се пари за повисоки пензии и плати во јавниот сектор, со исклучок на функционерските плати.

Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти  повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година. Се очекува растот на економијата да биде 3,4 проценти,а стапката на инфлација е проектирана на 3,6 проценти.

Според опозицијата, Предлог-буџетот е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција. Оттаму оценија дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправила ништо ново.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...