Kамерите на „Сејф сити“ ќе почнат да казнуваат од јануари

Date:

Од почетокот на наредната година, видео-камерите што ќе бидат поставени на улиците во Скопје ќе почнат да изрекуваат казни за сообраќајни прекршоци, најавуваат од министерството за внатрешни работи (МВР).

Проектот „Сејф сити“, кој има за цел да го зголеми сообраќајниот ред и безбедност, ќе помогне во намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, велат надлежните.

Најавуваат и законски измени за да се овозможи автоматско казнување, без потреба од човечка интервенција во процесот на одлучување за прекршокот. Најавите се дека проектот ќе биде целосно имплементиран до крајот на 2025 година.

Камерата ќе го евидентира прекршокот, а казната ќе биде изречена без можност за укинување преку јавувања или ургенции. Проектот веќе имаше тестирање во јуни, кога за само два часа беа забележани околу 5.000 прекршоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...