Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс со порака: Нема европска иднина без правда

Date:

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и вчера чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.

На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката.

„Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Ова е институционален пораз во најкритичниот момент затоа денес прашуваме: дали ова е систем подготвен да штити граѓани — или систем што целосно потфрлил во најважниот момент? Затоа што во тие минути не се мерела само професионалноста. Се мерела човечноста. Се мерела одговорноста. Се мерело дали униформата значи заштита — или само функција без тежина кога е најпотребно. Но затоа совршено функционирале: молкот, замижувањето, меѓусебното штитење, и чувството дека никој никогаш нема да одговара. Години наназад системот не гледал ништо“, рече Розета Блажева во говорот на семејствата на загинатите млади луѓе.

Семејствата на 63 жртви во пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани на 42.Марш на ангелите порачаа дека денес не ја прашуваат Европа каде се нејзините вредности, туку нашата држава.

„Како точно планирате да стигнете до Европа, ако со години не успевате да стигнете ни до сопствената одговорност? Нема европска иднина без правда. Нема достоинство во држава каде родителите мора да маршираат за да бидат слушнати. И нема победа над темнината додека вистината за 63-те ангели сè уште талка по улиците, наместо да стои јасно и гласно во институциите. Затоа и денес ќе чекориме. За нашите 63 ангели. За вистината. И како потсетник дека човечкиот живот не смее да биде најевтината ставка во овој трул систем“, вели Марија Патрушева во име на семејствата за загинатите млади луѓе.

Пред зградата на Основното јавно обвинителство семејствата му се обратија на премиерот и на министерот за внатрешни работи, порачувајќи им дека досега нивното ветувањето „И брат да ни е – ќе одговара не се реализира за нив како семејства, туку како што рекоа досега имаат само не правда и не одговорност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Share:

Sign up

The directory will be released in April 2026 for Easter.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Top news

spot_imgspot_img

Top news

Connected
Related posts

Mbappe and Dembele lead France to World Cup semi-finals

France continues to march towards the world title. The "Tricolores"...

Super victory for Sileks – the first away win in their history!

With a penalty goal by Esmir Hasukic in the 42nd minute...

CRISPY FRIED CHEESE WITH VEGETABLES

If you want a quick and delicious meal that everyone will...

MONOGRAPHIC WORK ON THE GREAT GUARDIAN OF THE MACEDONIAN PEOPLE AND ETHNIC MACEDONIA (50)

PART OF THE MONOGRAPH "SLAVE KATYN - LIFE AND WORKS" In...