„Avatar 2“ седми филм со најголема заработка во историјата

Date:

Продолжението на блокбастерот на Џејмс Камерон, „Avatar: The Way Of Water“ заработи 1,7 милијарди долари на глобално ниво и го надмина „Jurassic World“ (1,6 милијарди), како седми филм со најголема заработка во историјата.

„Avatar: The Way Of Water“ четврта недела по ред се најде на врвот на американскиот бокс-офис, со заработка од 45 милиони долари во текот на изминатиот викенд. Со оглед на тоа што заработката на глобално ниво надмина 1,7 милијарди долари, овој филм стана еден од најпрофитабилните на сите времиња.

По само 4 недели прикажување, филмот заработи 517 милиони долари во Северна Америка и 1,19 милијарди долари на светско ниво.

На меѓународно ниво, сега е петтиот филм по ред, пред него се „Avatar“, „Avengers: Endgame“, „Titanic“ и „Avengers: Infinity War“.

Според податоците на бокс-офисот „Avatar 2“ е филм со најголема заработка во 2022 година, како и втор најпрофитабилен филм во времето на пандемијата, по „Spider-Man: No Way Home“ (1,91 милијарди).

Со оваа брзина, „Avatar 2“ има шанси да надмине 2 милијарди долари низ светот, нешто што беше невозможно кога станува збор за пандемијата.

Филмови кои имаат заработено над 2 милијарди долари се „Avatar“ (2,9 милијарди долари), „Avengers: Endgame“ (2,79), „Titanik“ (2,2 ), „Star Wars: The Force Awakens“ (2,069 ) и „Avengers: Infinity War“ (2,04 милијарди долари).

Камерон е режисер на два од овие пет филма.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...