98 годишна Украинка пешачела 10 километри за да избега од окупираната територија

Date:

Лидија Ломиковска (98) пешачела десет километри откако руските сили влегле во нејзиниот роден град во источна Украина. Во еден момент таа се одвоила од семејството и се упатила кон запад. На нозете имаше само домашни влечки.

„Зедов стап и дрвена штица за поддршка и тргнав на пат. Нозете некако ме носеа“, изјави таа за Би-Би-Си. Таа раскажа и дека морала да лежи неколку пати.

„Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав, а потоа продолжив да чекорам“, рекла старицата.

Откако пешачела десет километри со куќни влечки, наишла на украинската полиција.

„Еден од полицајците ме праша колку години имам, му реков 48 или 49. Не ми веруваше“, рече таа низ смеа. Полицијата ја однела во прифатилиште, каде ја пронашла внуката, а родното место и го уништувале руските гранати. Станбените блокови и куќите стануваат шут и прашина.

“Не остана ништо! Се е наопаку”, рекла старицата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...