92-ГОДИШНИОТ МЕДИУМСКИ МОГУЛ РУПЕРТ МАРДОК ЈА РАСКИНА СВРШУВАЧКАТА ПО САМО 15 ДЕНА

Date:

Медиумскиот могул Руперт Мардок и поранешната полициска капеланка Ен Лесли Смит ненадејно ја прекинале свршувачката, неколку недели откако ја објавија. Извор близок на 92-годишниот Мардок изјави за магазинот „Венити фер“ дека на него не му било пријатно поради нагласените евангелистички гледишта на Смит.

Мардок, кој се разведе од четвртата сопруга Џери Хол минатата година, досега јавно не се огласил.

Мардок и 66-годишната Смит се запознале во септември на настан во неговото лозје во Калифорнија. Тој ѝ предложил брак на 17 март, а венчавката требаше да се одржи летово.

„Се плашев да се заљубам, но знаев дека ќе ми биде последен пат. Среќен сум“, изјави Мардок, објавувајќи ја свршувачката.

Тој има шест деца од првите три брака, додека Смит е вдовица 14 години.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...