9 луѓе загинаа по пукање во калифорнискиот град Монтереј Парк, близу Лос Анџелес соопшти полицијата.
Илјадници луѓе претходно беа собрани во градот за прослава на кинеската нова година.
Полицијата не кажа колку се повредени во пукањето, ниту дали има уапсени, само дека осомничениот е маж.
Сведок за Лос Анџелес Тајмс изјави дека тројца влегле во неговиот ресторан и му кажале да ја заклучи вратат затоа што во близина има човек со автоматска пушка.
Кинеската нова година се слави цел викенд во Монтереј Парк и обично привлекува околу 100.000 посетители.
Во Монтереј Парк живее голема азиска заедница.
9 УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ ЛОС АНЏЕЛЕС ПО ПРОСЛАВА НА КИНЕСКА НОВА ГОДИНА
