506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Македонија

Date:

Во светот и кај нас денеска се одбележува 1 Декември – Светскиот ден на СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во билтенот за заразни болести од 9 ноември годинава ИЈЗ објави дека во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА.

Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека лицата се на возраст од 25-54 години, а три лица се од машки пол. Две од пријавените лица се регистрирани од Кочани, додека другите во останатите градови. Во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се по две лица со хетеросексуална трансмисија и од МСМ популацијата. Во текот на месец октомври, регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА, еден смртен случај на лице пријавено во 2022 и еден смртен случај од новорегистрираните лица во месец октомври 2023.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ и Платформата на граѓанските организации што спроведуваат програми за превенција и поддршка во врска со ХИВ, по повод 1 Декември – Светскиот ден на СИДА организира конференција за медиуми на која свои обраќања ќе имаат Андреј Сених, извршен директор на Здружението, Елизабета Божиноска, В.Д. директорка на ХЕРА и Хајди Штерјова Симоновиќ, извршна директорка на Здружение ХОПС.

Говорниците ќе се осврнат на напредокот на Република Македонија во справувањето со епидемијата на ХИВ во споредба со светот, вклучувајќи ги и актуелните епидемиолошки податоци, пристапот до терапија за пациентите со ХИВ-инфекција, како и финансирањето и одржувањето на програмите за превенција, кои во минатото резултираа со спречена епидемија меѓу лицата што инјектираат дроги и одржување на ниско ниво на епидемија во земјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...