492 .250 физички лица биле жртви на измама во платежни трансакции реализирани со платежни картички минатата година, објави Народна Банка на Македонија. Од нив кај 44.704 биле повлечени пари од банкоматите, а тоа не биле сопствениците на каричките. Кај 378,406 измамата била направна со трансакции на терминалскитеуреди на физичките места на продажба.

Освен овој негативен показател, Народна Банка има позитивна оценка за користењето на платежните картички во текот на минатата година.

Во извештакот се вели : Во 2023 и 2024 година се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 18% и 17%, соодветно.

Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат годишен раст од 5% и 12%, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), податоците за изминатата година ја потврдуваат и сѐ почестата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста.

Граѓаните можеа на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата во земјата имајќи предвид дека на крајот од 2023 година во оптек беа 1,9 милиони платежни картички, од коишто 76% се засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 32.198 уреди на физичките места на продажба, кај 15.804 трговци во земјата, од кои дури 95% ја поддржуваат бесконтактната технологија.  Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2022 година) од 0,5%, односно 18%. Годишен раст од 6% во однос на 2022 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата.