50-ти Марш на ангелите во Кочани – семејствата порачуваат дека битката за вистина и правда нема да запре

Date:

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш на ангелите“, на кој семејствата на жртвите и граѓаните повторно побараа вистина, одговорност и правда за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Маршот започна од Паркот на Револуцијата, а организаторите испратија порака дека нивната борба нема да запре ниту на улица ниту во судница.

„Педесет пати на улица и во судница со истата болка, истите прашања и истото барање: вистина, одговорност и правда. По педесет рочишта, сè уште чекаме – во неизвесност и исчекување на одлуката. Но нашата истрајност е посилна од секое одолговлекување“, порачаа организаторите.

Од „Маршот на ангелите“ велат дека нема да се откажат додека, како што наведуваат, вистината не излезе на виделина и нема да дозволат нивниот глас да биде замолчен.

Маршот се одржа во период кога случајот повторно е во фокусот на јавноста и поради новата истрага против сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов. Јованов доби нов 30-дневен притвор откако Обвинителството отвори нова истрага поради сомнение дека му дал поткуп на службеник во Министерството за економија со цел да му биде обезбедена лиценца за угостителска дејност.

Според сомнежите на Обвинителството, лиценцата била обезбедена иако не било поднесено барање, а објектот не ги исполнувал законските услови за нејзино добивање.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Речиси година и пол подоцна, семејствата на настраданите продолжуваат со протестите и со барањето за целосно расчистување на случајот и одговорност пред институциите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related