450 медицински сестри за една година заминале од јавното здравство, нови не се вработени

Date:

170 заминале на работа во странство, 200 во приватниот сектор и 80 заминале во пензија, а не се вработиле нови медицински сестри, соопштија од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.

Причина за оваа состојба е ниската плата, немање комора на медицински сестри, немање напредок. Јавното здравство останува без кадар во дел на специјлизирани сестри. А во делот на услуга на пациенти останува една сестра да ја извршува работата за три сестри. Она што е симптоматично е што медицинските сестри од оваа професија заминуваат во друга професија.

Она што е потребно не се инстант решенија туку законски решенија за оваа важна професија. Бешлиовска вели дека не може само Министерството за финасии да биде виновникот, туку целата влада бидејќи мора да стратегија за задржување на овој кадар, за создавање на нов кадар. И бараат враќање и на паралелките за стоматолошки сестри.

Од здружението велат дека со сегашниот министер Фатмир Меџити немале средба и она што било солидно сработено во делот на законските измени за со неговиот претходник треба да продолжи.

Инаку, во петок, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки ќе организира настан за промоција и награди за сестрите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...