40 – сет години од протестот пред Грчката Амбасада во Канбера

Date:

1-ви август 1986 година, е ден, кој го насетуваваме како прво протестно крштевање, како почеток на еден процес во кој на цивилизиран начин ќе го изразиме нашиот револт против грчката власт, која го асимилира и разнебити македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. Напоени со патриотизам и родољубивост, Македонците од сите краеви на Австралија допатуваа на собирното место, во Кумбијан (населба во предградието на Канбера) за да го искажат својот оправдан гнев, најпрво пред австралискиот парламент (кој ги симпатизираше бројните грчки емигранти поради дневно – политички причини, т. е. поради бројното нивно гласачко тело), а потоа и пред грчката амбасада во Канбера, која Македонците ја доживуваа како вистинска шовенистичка Бастилија.

Гостите, кои доаѓаа од Сиднеј, Њукастел, Волонгон и Мелбурн се истоварија пред црквата „Свети пророк Илија“, каде управата ги пречека и им посака топло добредојде. Додека гостите наздравуваа со ракијата, дотогаш децата си дувкаа во прстината за да им се стоплат рацете. Од тука, присутните беа построени и со кренати пароли, развеани знамиња и патриотски песни допатуваа пред Парламентот каде одредени лица на претседателот на владата Боб Хоук му врачија копија од меморандумот и список со илјадници потписи, со кое се бара од Владата на Австралија да не наседнува на грчки провокации за да не преименоваат во „славо-македонци“.

Попатно за кон грчката амбасада демонстрантите извикуваа пароли на англиски јазик и делеа копии од меморандумот од кој дознаваа австралиските граѓани за валканата грчка „демократија“. Пред амбасадата, не пречекаа кордони од полициски сили кои ја заштитуваа амбасадата. Демонстрантите се нервозни, им се наежуваат лицата, гневни се од средбата со грчката Бастилија. Пред неа, најпрво се испеа македонската химна, а после тоа активистот Џим Антон ја прочита декларацијата на англиски јазик, а потоа потресен говор на македонски јазик одржа водачот на демонстрацијата Панко Стамкоски. На крај од протестот водачите им дадоја копии од меморандумот на полицајците за да им го предадат на грчките службеници, кои итро не следеа низ прозорските ролетни и правеа видео извештаи за владините атински диктатори. Колминација стана тогаш кога неколкумина од протестантите ги запалија грчкото, бугарското и српското (кралско) знаме. Некои старци се крстеа и колнеа: „ Да даде Господ и вашите куќи да ви горат како знамево што ви гори. Ни ја зедовте земјата и не протеравте од неа, за Маџири, Просвиги и Понти да се доселите во неа и тие да ни ја поганат. Многу зборови се рекоа, многу тупаници се дигнаа, многу солзи се избришаа…“

Но за среќа или благодарение на присебноста на организаторите и достоинствената интервенција на обезбедувањето, напнатоста полека се смири и со песни демонстрантите се упатија кон црквата „Св. Климент Охридски“каде беше запалена кукла наречена „Дракопулос“ (симбол за грчките крвопијци), а на демонстрантиоте им беше приреден заеднички ручек. На овој ден, преку протестантите, како да беше излеано сето незадоволство и гнев на генерации Македонци.
Демонстрацијата заврши. Да, таа беше прва демонстрација, по која ќе следат бројни други што ќе ги организираат Македонците низ Австралија и насекаде ширум светот, со кои ќе биде разобличен недемократскиот став на соседните земји кон поробениот македонски народ.

Приредил
Иван ТРПОСКИ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...