4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Date:

Македонската традиционална таеквондо федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“ во Нови Сад, Србија, освојувајќи 16 медали – 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени. Тоа е постигнато во силна меѓународна конкуренција од 18 натпреварувачи од МТТФ.

Медалити ги освоија:

Златни медали

Стојаноска Меланија – форми (девојчиња 10–11 години, 9–7 степен)
Шибаковска Христина – форми (У-18 жени, 8–7 степен)
Чулческа Анастасија – форми (У-18 жени,, 4–3 степен)
Шибаковски Христијан – форми (машки 12–13 години, 9–7 степен)

Сребрени медали

Ѓорески Теодор – форми (машки 10–11 годин, 9–7 степен)
Крстеска Ана – борби (девојчиња 10–11 години, 39 кг)
Наумоска Тара – борби (девојчиња 8–9 години, +42кг)

Бронзени медали

Андоновски Димитар – форми (машки 12–13 години, 9–7 степен)
Наумоска Тара – форми (машки 8-9 години, 9–7 степен)
Наумоска Ива – форми (девојки 10–11 години, 9–7 степен)
Тодоровска Теодора – форми (У-18 девојки, 6–5 степен)
Ѓорески Теодор – борби (машки 10–11 години, 50 кг)
Наумоска Ива – борби (девојки 10–11 години, 43 кг)
Тодоровска Теодора – борби (У-18 девојки 16–17 години, 60 кг)
Стојаноска Меланија – борби (девојки 10–11 години, 31 кг)
Чулческа Анастасија – борби (У-18 девојки 16–17 години, 60 кг)

На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска, Италија, Франција и Хрватска.

Дополнителен предизвик за сите учесници беше силната конкуренција, особено имајќи предвид дека Грција, Бугарија, Чешка, Ирска и Молдавија настапија со комплетните национални репрезентации.

МТТФ настапи под водство на Марјанчо Лазаревски, Божидар Димитриевиќ и меѓународниот судија Давид Велковски.

Боите на Македонија ги бранеа 18 натпреварувачи од клубовите Хва ранг ИТФ Лескоец – Охрид, Сонкал Мислешево – Струга, Мастер – Охрид и Гебек – Ресен.

Македонските натпреварувачи се натпреваруваа во дисциплините форми и борби, покажувајќи борбеност, храброст и пожртвуваност и остварувајќи резултати за почит на еден квалитетен меѓународен натпревар.

Лазаревски: Младите натпреварувачи се иднината на нашиот спорт

Претседателот на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, Марјанчо Лазаревски, изрази големо задоволство од настапот на младите натпреварувачи, нагласувајќи дека нивниот успех не се мери само преку освоените медали, туку и преку храброста, пожртвуваноста и начинот на кој ја претставуваат државата.

„Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат борци и уште од мали нозе даваат сè од себе за да освојат медал на вакви квалитетни натпревари. Пред сè, тие покажуваат храброст и пожртвуваност, достојно претставувајќи ги боите на Македонија.

Ме радува и тоа што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за своите врсници како треба достоинствено да се претставува сопствената држава. За нив, и самото учество на ваков меѓународен натпревар претставува огромен успех“, изјави Лазаревски.

Следен предизвик – квалификациски настапи за Европското првенство

Од Федерацијата најавуваат и нови спортски предизвици. Според најавата на претседателот Лазаревски, на 29 ноеммври 2026 година треба да се одржи уште еден натпревар „Перник опен 2026“,  на кој неколку натпреварувачи на МТТФ ќе се обидат да ги исполнат критериумите за учество на следното Европско првенство, кое треба да се одржи во Белград.

Успехот во Нови Сад претставува значаен поттик за младите македонски спортисти и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и континуирана поддршка можат да се постигнуваат забележителни резултати и на меѓународната сцена.

Со освоените 16 медали, младите таеквон-до ИТФ борци од Македонија уште еднаш покажаа дека се достојни претставници на македонскиот спорт и дека пред нив претстои светла иднина исполнета со нови предизвици и успеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...