35 000 странски туристи со чартер летови ќе доаѓаат во Скопје и Охрид – се очекува прилив од 50 милиони евра

Date:

Дополнителни 50 милиони евра се очекуваат од нови 35 000 туристи од Германија, Франција и Велика Британија кои со чартер летови ќе доаѓат во земјава во Скопје и и Охрид. Ова е договорено со германската Ер ес де групација која ќе организирана балканска тура на странски туристи, во кој влегува и земјава како туристичка дестинација. Ноќевањата што ќе ги реализираат новите туристи претставуваат и до 1 % од вкупниот број на годишни ноќевања на туристите во земјава.

Германскиот туроператор „Ер-ес-де“ од февруари 2025 година ќе донесе 35.000 туристи во Македонија, најави сопственикот на компанијата, Кристијан Франк ,на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, во Владата.

Тој истакна дека овие туристи ќе доаѓаат надвор од сезона и тие, како компанија, главно работат на културолошки патувања.

– Главно работиме културолошки патувања и планираме да донесеме 35.000 гости следната година, почнувајќи од февруари и благодарен сум што може да бидеме тука и да покажеме што планираме да правиме. Би сакал да му се заблагодарам на премиерот за поддршката и за можноста да дојдеме тука, во вашата прекрасна земја и мислам дека во иднина нè очекува многу голема работа – рече Франк.

Премиерот Мицкоски истакна дека очекува дополнителни 30 милиони евра директно трошење на овие гости кај нас, со што, заедно со сместувањето, транспортот и со другите трошоци, би можело да се дојде и до 50 милиони евра. Тој истакна дека Владата има стратешка цел да го поддржува туризмот и тоа, како што рече, била една од причините да го поврзат туризмот со Министерството за култура.

– Од февруари идната година, околу 35.000 туристи, надвор од сезоната, ќе ја посетат Македонија, во организација на оваа туристичка агенција. Имаме намера да развиваме културен туризам, а ние треба да ги покажеме нашите културни капацитети, како што се градот Охрид, Скопје како главен град, Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и другите културни знаменитости, кои претставуваат наша карактерна особина како држава, бидејќи Македонија има многу такви места со кои може да се гордее – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека самата агенција „Ер-ес-де“ има повеќе од една милијарда евра годишен обрт и дека, покрај со туризам, се занимава и со други области како маркетинг, телекомуникации, енергетика, хотелиерство.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во јули 2024 година изнесувал 204.336, од кои 41,8 % биле домашни, а 58,2 % странски туристи.

Бројот на ноќевања во јули 2024 година изнесувал 756.831, од кои 70,6 % биле од домашните, а 29,4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 8,7 % вкупно, при што има намалување за 0,5 % кај домашните туристи, а кај странските има зголемување за 13,7 %.

Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 %, и тоа има зголемување за 2,7 % кај домашните туристи и за 9,7 % кај странските.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Град во Македонија лежи на закопани бомби

Денеска познат по својата боемска атмосфера и неверојатна архитектура,...

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ: „Ќе ставиме крај на уцените на градежниците“

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на вчерашното...

Скопје на шестото место во светот, загадени и другите градови

Со почетокот на грејната сезона, загадувањето на воздухот повторно...

Во Македонска Каменица фестивал посветен на првиот македонски печатар

Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“...