30.000 евра за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Крушево

Date:

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде интервентно заштитен преку проект вреден 2,5 милиони денари, додека за наредната година од Владата најавија трајна заштита на која ќе работат странски експерти. 

За сегашната лоша состојба на споменикот, поплавените подови и уништените ѕидови од Владата велат дека е поради непостапувањето во изминатите години.

Реконструкцијата на ‘Македониумот’ почна пред повеќе години и требаше да биде завршена во 2017 година. Со симнувањето на скелето од страна на претходната власт токму таа година процесот беше насилно прекинат и оставен без потребната заштита. Од тогаш до денес цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита. За оваа година е обезбеден проект за интервентна заштита во вредност од 2,5 милиона денари, кој ќе биде реализиран до крајот на 2025 година

Во меѓувреме еден од вработените во „Македониумот“ кој сакаше да биде анонимен за Телевизија 24 објасни дека од последната поплава предизвикана од силен дожд во споменикот немало никаква санација и поправка. Според него, поплавените подови се честа појава.

„Нема санација никаква од последната поплава иако музејот е отворен за посетители. Кога врне цело време се случува истото. Имаше некаква реконструкција пред 4-5 години но пак имаме проблеми. И подот кој го направија од некаква пластика, од дождовите и ладното време и тој е уништен“

Споменикот е свечено откриен на 2 август 1974 година во Крушево по повод 71 година од Илинденското востание и 30-годишнината од АСНОМ 2. Изградбата траела четири години, односно од 1970 година до 1974 година, а автори на монументалниот комплекс се Јордан и Искра Грабулоски. Споменикот, во 2018, австралискиот магазин „Аркитекчр енд дизајн“ (Architecture & Design) го вброи меѓу десетте најуникатни градби во светот. Во 2016, американскиот магазин „Аркитекчурал дајџест“ (Architectural Digest) го стави на листата на седумте најинтересни бруталистички градби во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...