Државниот инспекторат за труд извршил 164 надзори за почитување на мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури и притоа биле изречени забрани за вршење на дејноста на 30 работодавачи.
Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата.
Поради топлотниот бран, Владата донесе одлука жените и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата од 11 до 17 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, односно од 17 до 25 јули.
30 фирми добија забрана за работа: Ги оставаат работниците да работат на пеколно високи температури
Date: