30 дена притвор за уапсените повратници од ИСИС -ќе одговараат дека „служеле во непријателска војска“

Date:

Најголем број од лицата кои биле на боиштата на Исламска држава се вратени во земјава, но не претставуваат закана по безбедноста бидејќи се санкционирани.

Ова е констатација на дел од експертите кои ја следат безбедносната состојбата во државата, еден ден откако во синхронизирана акција на македонската и француската полиција беа уапсени две лица во Скопје и едно во Франција, повратници на ИСИС, и тројцата македонски државјани.

Во овој период можеме да зборуваме за релативно мирно, затоа што најголем дел од лицата кои што беа на боиштата на Сирија се вратија. Тие се веќе во македонските затвори затоа што се санкционирани соодветно и со нив веќе започнува процесот на реинтеграција. И во овој момент не постои никаква закан по однос на безбедноста од тие лица“, изјави деканот на Факултетот за безбедност во Скопје, Никола Дујовски.

Во Македонските затвори, како што информираат од МВР, има над 50 лица повратници на ИСИС, на кои во притворското одделение од вчера им се придружиле двајцата македонски граѓани кои се сомничат за кривичното дело Служба во непријателска војска.

Тие се осомничени дека во 2014 година од Македонија заминале во Сирија каде од април до август истата година како припадници на терористичката организација – Исламска држава – ИСИС учествувале во вооружените судири.

Тројцата уапсени македонски државјани се само дел од оние кои се бореле за странски војски.

Според извештајот на американскиот Стејт департмент за тероризам за 2021 година за Македонија проценките се дека од 143 лица кои пред 2021 година заминале на боишта во Сирија и Ирак, 38 загинале, 79 се вратиле, за пет се верува дека останале во Сирија, додека две се наоѓале во затвор или во бегалски камп.

Други 16 од кои 5 жени биле репатрирани, а три лица биле депортирани од други држави.

Истата година во јули македонската влада објави дека од Ирак и Сирија во земјава се репатрирани четворица мажи странски терористички борци, пет жени и 14  деца, сите државјани на Македонија.

Во 2022 година владата за првпат објави имиња на 15 македонски државјани кои биле дел од ИСИС и Исламската држава за воведување финансиски мерки против тероризам, ширење оружје за масовно уништување и нивно финансирање. Највозрасниот на списокот имаше 57 години, а најмладиот 26.

Инаку за повратниците на борците од странски војски, заедно со затворската казна предвидена е и програма за нивно реинтегирање во општеството, за која Дујовски вели дека е долг процес.

Не сме ниту блиску до завршување на тие процеси, ќе треба многу време, но се надевам дека со заеднички пристап којшто го имаат МВР, Министерството за труд и социјална политика, локалните самоуправи, високообразовните институции, ќе успееме тие лица да ги реинтегрираме во нашето општество и да бидат лојални граѓани“, изјави Дујовски.

Според Кривичниот законик за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации предвидена е кајзна од најмалку 4 години затвор, додека за организирање и финансирање ова дело најмалку 5 години.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...

Заемот од Унгарија во Собрание – Обвинувања за корупција

Законот кој ќе овозможи Македонија да се задолжи една...