18-годишник со возило се заби во навивачи во Австралија: десет повредени, дете е во критична состојба

Date:

Десет луѓе денеска беа повредени  откако автомобил се заби во толпа навивачи на рагби тимот Њукасл Најтс во Њукасл, Австралија. Меѓу повредените има неколку деца, а петгодишно девојче и 67-годишен маж се во критична состојба, објавуваат светските медиуми.

Полицијата наведува дека 18-годишниот возач ја изгубил контролата врз автомобилот и дека нема индикации дека инцидентот бил намерен.

Несреќата се случила околу 9:30 часот по локално време во областа Волсенд, каде што илјадници навивачи се собрале покрај патот за да го испратат тимот на Њукасл Најтс на пат кон Сиднеј, каде што ги очекува финалето на австралиската НРЛ во недела.

Полицијата го уапси 18-годишниот возач на местото на настанот. Помошникот на полицискиот комесар Дејвид Вадел изјави дека младиот човек возел неправилно, а потоа ја изгубил контролата врз автомобилот и се забила во толпата.

Полицијата наведува дека инцидентот не бил целен и не го смета за терористички напад. Возачот ќе биде подложен на тестирање за алкохол и дрога.

Автобусот на тимот бил пренасочен на друга рута по инцидентот.

12 амбулантни возила и три хеликоптери биле испратени на местото на настанот. Повредените биле однесени во болницата „Џон Хантер“.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека неговите мисли се со повредените и сите погодени од инцидентот и им се заблагодари на службите за итни случаи и на полицијата за нивниот брз одговор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related