17-ти пораз по ред на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони на ЕХФ

Date:

Еурофарм Пелистер продолжува со губитничката низа во ракометната Лига на шампиони и на гостувањето кај Динамо Букурешт го запиша третиот пораз сезонава, а вкупно 17-ти во низа сметајќи ја и минатата натпреварувачка година.

Македонскиот првак беше надигран со 34-25 во Букурешт во рамки на 3.коло до групата А. Динамо од минута во минута само го зголемуваше водството и во ниту еден момент од натпреварот не дозволи нашиот тим да се понадева на позитивен исход.

На полувремето Романците водеа со 19-13, а во вториот дел дојдоа и до највисоките +10 или 25-15, предност што ја имаа уште неколку пати во продолжението. Конечниот пораз на „пелистерци“ беше со девет голови разлика или 34-25.

Филип Кузмановски постигна девет голови за нашиот тим, додека Богдан Радивојевиќ реализираше шест погодоци. Никола Митревски на голот имаше 14 интервенции. Кај Динамо, најефикасен беше Миклос Роста со седум голови.

Во групата А, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон како најголеми изненадувања имаат максимални три победи од три натпревари. Пелистер во следното 4.коло на домашен терен го пречекува Спортинг на 9.октомври.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...