Како што пренесуваат американските медиуми, синот на Мајкл Џордан, Маркус Џордан (33), раскинал со Ларса Пипен (49) после повеќе од две години врска.
„Одлучиле да си земат малку време за себе и да размислат за својата врска“, изјавил за „People“ извор близок до парот.
„Ова нема никаква врска со семејството, туку со нивниот личен развој“.
Гласините за раскинувањето на Ларса и Маркус се појавиле уште пред неколку денови, откако реалити ѕвездата престанала да го следи своето момче на социјалната мрежа Инстаграм и ги избришала сите нивни заеднички фотографии.
Исто така на истата таа социјална мрежа ги прашала своите следбеници дали треба и натаму да ги следи поранешните момчиња.
Зошто врската на Маркус и Ларса била проблематична?
Веста за раскинувањето одекнала во американските медиуми затоа што нивната врска од почеток била многу контроверзна и направила многу проблеми во односите со семејството на Џордан.
Парот се запознал преку заеднички пријател на забава во Лос Анџелес во 2019 година, а во тоа време наводно изградиле пријателски однос, што Ларса Пипен го раскажала претходно за „People“.
Меѓутоа, до 2022 година се појавиле емоции и се појавиле гласините дека тие се во врска, што наишло на многу негативни реакции затоа што Ларса претходно била во брак со легендарниот кошаркар Скоти Пипен и постара е од Маркус 16 години.
Парот привлекувал внимание на секој чекор, а тие и тоа како давале материјали за пишување, па Ларса се пофалила и со нивниот богат сексуален живот.
„Отсекогаш сум имала интимни односи барем четири пати дневно, па дури и додека бев венчана за Скоти. Тој број сега е поголем. Сега имам секс барем пет пати дневно и тоа со човекот на својот живот“, рекла во една прилика Ларса.
Маркус го потврдил сето тоа и кажал дека морал да биде во форма поради тоа што и двајцата сакаат да бидат жестоки во интимните односи.
Нивната врска, особено тешко му паднала на таткото на Маркус, популарниот НБА спортист Мајкл Џордан којшто со години бил пријател со Скоти Пипен, а тие биле и еден од најдоминантните тандеми во историјата на кошарката.
Тие надвор од терен често имале комплициран однос, но се познавале и со години го поминувале времето заедно, па љубовта на синот на Џордан со поранешната сопруга на Скоти се искомплицирала.
Кога папараците во една прилика го прашале дали ја одобрува љубовта на својот син, Џордан којшто инаку никогаш не зборува за приватноста, јасно рекол:
„Не!“.