Роднини на израелските заложници кои се уште се наоѓаат во Газа се собраа пред американската амбасада во Тел Авив за да повикаат на договор за нивно ослободување.

Веејќи американски знамиња, тие изразија верба во претседателот на САД и побараа да изврши поголем притисок за завршување на војната во Газа.

Војната меѓу Израел и Хамас влезе во шестиот месец. Според министерството за здравство во Газа, досега се убиени најмалку 31.045 Палестинци.

Израел објави војна на 7 октомври, откако милитантите на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили и зедоа 250 заложници.

Воздушната и копнената офанзива на Израел опустоши големи делови од Газа и расели околу 80% од населението кое пред војната броеше 2,3 милиони луѓе.