Колку треба да сте очајни по неодоливата, незаменливата шолја кафе да платите за неа и мало богатство?
За кафето што го служат во кафуле во Австралија треба да да платите дури 1500 долари затоа што во шолја кафе купувате нешто што не може да се плати со ниту едни пари- наплив на солзи радосници.
Кафулето Бру Лаб во Пенрит, во западен Сиднеј, се гордее со ова кафе кое можете да го добиете со претходна нарачка и по посебена постапка која веројатнос е разликува од сите останати стандардни подготовки на кафе.
За почеток, откако муштеријата ќе го нарача однапред кафето, од кафулето ги контактираат своите партнери во Панама, кои го пржат на работ на вулканот во Сила де Пандо, на 1.700 метри надморска височина.
Потоа се испраќа со приватен авион до Австралија, каде што претходно навлажнета филтер хартија се става над вода која се загрева до точно 94 степени Целзиусови, а потоа следат неколку рунди сипување, секој пат прецизно во секунда.
Засега, ова кафе го пробале само две лица, кои имаат изјавено дека тоа повеќе има вкус на час отколку на обично кафе и дека наводно им предизвикало солзи радосници.
Муштериите почесто ги пробуваат кафињата од 100 и 200 долари кои ги нуди Бру Лаб.