15 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СРПСКИ ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО УНГАРИЈА

Date:

Петнаесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во автобуска несреќа со српски патници во Унгарија, која се се случи вчера рано утрината. Сопственикот на фирмата чиј автобус се преврте Ненад Челиќ изјавил дека во автобусот имало 55 патници и двајца возачи и сите биле од Белград и Нови Сад.

Челиќ изјавил дека 35 патници го продолжиле патувањето, додека возачот и една жена се задржани в болница, а некои од патниците се вратиле за Белград.
„Колку што ми е мене познато, нема потешко повредени, станува збор за нагмечувања и слични повреди“, изјави Челиќ.

Според унгарските медиуми, меѓу повредените има и две деца, кои се префрлени в болница. Според „Телеграф“, од 15 повредени, 13 се во болница.

До несреќата дошло откако, на 2 километра од местото Кишкухалас, автобусот преминал во спротивна насока, најверојатно за да избегне друго возило и потоа се превртел со полна брзина.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...