15-годишник дебитираше во убедливата победа на Арсенал

Date:

Фудбалерите на Арсенал го декласираа Лидс со 5:0 во рамките на второт коло во Премиер лигата.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, одлучи да направи две измени во стартните 11 во споредба со натпреварот против Манчестер јунајтед. Јуриен Тимбер го замени Бен Вајт, додека Нони Мадуеке ја презеде стартната лево крилна позиција од Габриел Мартинели.

Виктор Ѓекереш постигна два гола на дебито пред домашната публика, Микел Артета е загрижен за повредите на Мартин Едегард и Букајо Сака, а за „тобџиите“ дебитираше 15-годишниот Макс Дауман.

Со 15 години и 229 дена, Дауман стана вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лигата, веднаш зад неговиот соиграч Итан Нванери, кој го имаше своето деби за Арсенал на 15 години и 181 ден.

Макс Роберт Дауман е на 31 декември 2009 година во Челмсфорд и веќе неколку години е најпознатото име на Академијата Хејл Енд, познатата школа на Арсенал за млади таленти.

Дауман го имаше своето деби за тимот на Арсенал до 18 години во септември 2023 година на само 13 години, а набрзо стана најмладиот играч во историјата на Премиер лигата 2, кога го имаше своето деби за тимот до 21 година на 14 години во декември 2024 година. Тој одигра 25 натпревари за тимот до 18 години и постигна 20 гола, додека во Младинската лига на УЕФА стана најмладиот стрелец во историјата на натпреварувањето, постигнувајќи гол против Аталанта на возраст од 14 години и осум месеци.

Минатата сезона тој беше и капитен на тимот до 18 години, каде што редовно ги водеше своите соиграчи и покрај фактот дека всушност беше член на генерацијата до 15 години.

Тој го имаше своето деби за првиот тим на Арсенал во пријателски натпревар против Милан, а најголемо внимание привлече против Њукасл во Сингапур, каде што влезе од клупата и го постигна победничкиот пенал и воодушеви многумина со својот дриблинг против многу постари и физички посилни противници.

Микел Артета јавно го пофали, велејќи дека не е вообичаено да се види такво присуство и храброст кај 15-годишник во првиот тим.

Дауман веќе има значајни настапи за англиските репрезентации до 16 и до 17 години, а на неодамнешното Европско првенство до 17 години ги започна сите три натпревари и постигна гол против Чешка. Тој е опишан како многу разновиден и технички надарен плејмејкер со одлично чувство за клучни додавања и прецизно изведување на нападот.

Тренерите и експертите го нарекуваат следниот Кака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар ја фрли Битола во очај и направи ЏИНОВСКИ чекор кон титулата

Вечното дерби во плеј-офот заврши со победа на Вардар...

Ришарлисон во 90.минута го шокираше Ливерпул на „Енфилд“!

Се играше 90.минута при резултат 1:0 за Ливерпул, кога...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART II (2)

INTRODUCTION BY PROF. VELIM STOJKOVSKI PhD. The second part titled...

Топла посна салата со леќа

Овој рецепт за топла салата е интересна опција и...