14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Date:

Вања Ѓорчевска, 14-годишно девојче, кое се бара веќе два дена, не е единственото дете по кое трага полицијата.

Случајот ја вознемири јавноста, а во потрагата по нејзе, освен полицијата се вклучи и Ловечката федерација на Македонија, а граѓаните се самоорганизираат на различни начини за да помогнат во истрагата.

На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца кои исчезнаа последниве години.

Едно од нив е Петар Џобески, кој на деветгодишна возраст исчезна на 25. февруари 2022 година.

Во 2010 година во кумановски Средорек, пак, исчезнаа две петгодишни деца Мирсада Хелдовиќ и Дане Мемеди.

Се уште се исчезнати и малиот Митат Ибраими, Фејзула Елиф и Идиќ Елиф.

Според податоци на невладините организации, во последните три години во Македонија исчезнале над 70 малолетници, а за среќа најголем број од нив се пронајдени.

ОВДЕ можете да проверите кои се исчезнатите лица по кои трага МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...