10 ГОДИНИ ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ДОБРОВОЛНА РАБОТА АКЦИЈАШИ СКОПЈЕ

Date:

Здружението за доброволна работа АКЦИЈАШИ Скопје овој месец одбележува јубилеј 10 години од своето формирање и успешно работење и реализирање на програмски активности во општественото живеење во градот и пошироко,пред се на полето на зачувуње на животната средина.


Некогашните млади бригадири-акцијаши кои во минатото изградија илјадници патишта,пруги,мостови,хидроцентрали,пошумија голем број планини денес ја продолжуваат традицијата акцијаштвото.
Денешната цел пренесување на традицијата на акцијаштвото на младата генерација и доброволното работно ангажирање успешно се спроведуваше во изминатите 10 година.


Почетокот е со првата акција одржана во Финскиот парк во н.Ченто на 25.мај 2013 година каде покрај акцијашите ветерани во акцијата учествуваа и голем број млади волонтери.50 годишнината од Скопскиот земјотрес е одбележана со четири дневна акција на 26.јули.2013 со учество на акцијаши од сите бивши ју простори.Во овој контекст ќе ги споменеме и двете големи меѓународни акции во нашата република. Во 2015 ИПЕ КАМПЕКС во Визбегово и 2017 г. МОДЕСТ во Пепелиште на полигонот Криволаг во соработка и организација со Дирекцијата за спасување и кризи.Во 2016 година заедно со своите пријатели од сите екс.ју републики во двонеделна акција Здружението учествува во хуманитарната акција за расчистување на последиците од поплавите во Скопското подрачје на територија на општина Гази Баба.


Во 2018 година со одбележување на 55 годишнината од скопскиот земјотрес,јубилеите од првата акција во Маврово и акцијата во Катланово СКОПЈЕ 1978-1989 одржана е седумдневна работна доброволна акција на која учествуваат 200 акцијаши од сите возрасти и сите краеви од републиката и пошироко.Исчистен е голем простор околу комлексот факултети во Гази Баба ,како и оформен е новиот парк на акцијашите пред Земјоделскиот факултет.


Во услови на пандемија и заразна болест Ковид 19 акцијашите иако со редуцирано членство успеаја да остварат значајни резултати…Уредувани се дворови на средни,основни училишта и градинки,насадени голем број садници,како и две години по ред реализирана е некогашната младинска активност по повод ослободувањето на градот Скопје по ВРВИЦИТЕ НА 16-ТАТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА на падините на скопска црна гора,на потегот од селата Чучер-Сандево до селото Кучевиште каде се евоцирани спомени за борците кои ги дале животите во битките за ослободување на градот.


Ова се само дел од одржаните активностите и проекти на АКЦИЈАШИ Скопје во рамките на зачувањето и негувањето на традициите на акцијаштвото,како и вклучување во волонтерството и општественото живеење во Скопје и Републиката,заедно со млади волонтери од училиштата од градот,сродни здруженија на акцијаши од Републиката и пошироко,како и со ченови на ПЕНЗИОНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ во чиј редови има голем број некогашни акцијаши бригадири кои во својата младост учествувале во изградбата на татковината и кои со носталгија се сеќаваат на МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИ АКЦИИ,на ударништво…единството и еднаквоста…


Паролата НИЕ ЈА ГРАДИМЕ ПРУГАТА,ПРУГАТА НЕ ГРАДИ НАС е се уште не заборавна меѓу аккцијашите-бригадири од младинските акции…




Во рамките на одбележување на јубилејот 10 години на Здружението АКЦИЈАШИ Скопје ќе се одржат придружни активности,како што е акцијата за средување и уредување на дворот во пензионерскиот дом во Топанско Поле,каде што ќе бидат засадени и 10 зимзелени садници во рамките на јубилејот.
Свечената седница по повод 10 години АКЦИЈАШИ Скопје ќе биде од одржана на 14 фебруари во седиштетото на здружението кое се наоѓа пред општина Гази Баба.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...