Џуди Фостер откри зошто одбила да ја игра принцезата Леја во „Војна на ѕвездите“

Date:

Познатата актерка Џуди Фостер одигра голем број важни улоги, а малку е познато дека една ѝ „побегнала“.

Имено, како што потврди и самата Џуди, ѝ била понудена улогата на принцезата Леја во „Војна на ѕвездите“. Меѓутоа, таа била принудена да го одбие овој ангажман.

Како што изјави актерката во The Tonight Show, во тој момент веќе имала потпишан договор со „Дизни“ и не сакала да го раскине и да оди да снима нешто друго.

„Тие бараа млада принцеза Леја, но јас тогаш имав недуомици. Снимав филм на Дизни и едноставно не сакав да се повлечам од него бидејќи веќе имав потпишан договор. Тие направија неверојатна работа. Не знам колку би била добра (во таа улога)“, рекла Фостер во споменатата емисија.

Улогата на принцезата Леја на крајот ѝ припадна на Кери Фишер, која за време на снимањето имала 19 години.

Доколку Џуди Фостер ја прифатеше оваа улога, сигурно ќе ја прикажеше принцезата во сосема поинакво светло, но и многу помладо, бидејќи таа тогаш имала само 13 или 14 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...