Годинашниот Филмски фестивал во Венеција има посебно значење за Џорџ Клуни бидејќи ќе му биде доделена награда за животно достигнување. Актерот веќе е во Венеција, а со сопругата Амал беа забележани како се возат со водно такси. Како и секогаш, Амал изгледаше беспрекорно, а Џорџ се покажа како вистински џентлмен.
Од 02.09 започна Филмскиот фестивал во Венеција, а меѓу присутните на отворањето е Џорџ Клуни.
Овој пат фестивалот не е само обичен настан за 65-годишниот актер бидејќи ќе му биде доделена награда за животно достигнување.
Статуетката ќе му биде доделена утре, но тој и сопругата Амал Клуни веќе пристигнаа во Венеција за отворањето.
А, како и секогаш, омилениот холивудски пар зрачеше со гламур.

Џорџ и 48-годишната Амал се возеа со водно такси, а и двајцата беа во лежерно, но елегантно издание.
Амал носеше свилен комплет со шорцови во темнозелена боја, во комбинација со минималистички накит.
Актерот се појави со тегет поло маичка и бели панталони.

Џорџ се покажа и како вистински џентлмен и ја држеше Амал за рака додека се качуваше и симнуваше од бротчето.
Додека траеше возењето, парот позираше за папараците, а истовремено им се насмевнуваа на фановите кои ги гледаа од брегот.


Периодов Џорџ и Амал престојуваат во нивната раскошна вила на езерото Комо, а со нив се и нивните деветгодишни близнаци Ела и Александер.
Поминаа 30 години од првото појавување на Џорџ Клуни на Филмскиот фестивал во Венеција и со текот на времето тој стана еден од најредовните посетители.

Италија, особено Венеција, е место каде што актерот имал бројни значајни моменти од животот.
Покрај свадбата со Амал, во Венеција премиерно беше прикажан и филмот Good Night, and Good Luck кој му ја донесе првата номинација за Оскар, и тоа за најдобар режисер.





