Џони Деп ги изненади вработените во продавница за антиквитети

Date:

Наградуваниот холивудски актер, режисер и филмски продуцент, Џони Деп, најпознат по улогите во филмовите на режисерот Тим ​​Бартон со кој секогаш соработувал од 1980-тите, отишол на шопинг во центарот за антиквитети Линколншир.

Ѕвездата се препушти на приватнa посета на омилените продавници за да направи екстравагантен и личен шопинг: пристигнувајќи со хеликоптер во центрите за антиквитети Хемсвел, лоцирани во Велика Британија.

Џони Деп си купил тр гитари и винтиџ вазна. Тоа е затоа што актерот неодамна се преселил во Англија и дефинитивно барал мебел за да го опреми својот нов стан во Лондон.

Сепак, никој не знаеше за доаѓањето на Деп во центарот за антиквитети и неговото појавување без најава ги изненади сите.

Инаку, Деп е познат по своите ненадејни посети: актерот честопати одел, на пример, во болниците во одделите за детски болести за да ги изненади болните деца, многу често облечен како капетан Џек Спароу.

Меѓутоа, овој пат тој реши да направи ексклузивна обиколка на продавницата Линконшир специјализирана за старини за да купи мебел и покуќнина за неговиот нов дом во Лондон, изненадувајќи ги дури и вработените.

Сопственикот на продавницата, Роберт Милер открива: „Слушнав дека Џони Деп зборуваше за покојниот музичар Џеф Бек додека пробуваше различни гитари за време на неговата посета.”

“Џони Деп штотуку купи многу, многу екстравагантни предмети. Столици за маса, три гитари, комплет бои, некои штафелаи, некои слики, постери и цела палета на украсни предмети. Тој избра вазна со череп на неа…Беше многу пријателски расположен, седна, ги рпоба гитарите и потоа реши да купи три“.

Персоналот му приредил на глумецот мал прием: „Му приредивме освежување и беше многу дружељубив со целиот присутен персонал“, објаснува сопственикот на продавницата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...