Британската актерка Џоди Тарнер-Смит поднела барање за развод на бракот со канадскиот актер Џошуа Џексон, по речиси четири години брак, објави „Пипл“.
Познатата двојка стапи во брак кон крајот на 2019 година, а следната година ја добија ќерката Џуно Роуз Дајана Џексон (3). Како што потврди извор за „Пипл“, Тарнер-Смит побрала заедничко старателство над детето.

Тарнер-Смит претходно откри дека била обожавателка на Џексон од неговите денови во „Dawson’s Creek“ и дека првпат се запознале на забавата за 40. роденден на Ашер во 2018 година.
Инаку, парот беше заедно на роденденската прослава на актерката, која наполни 37 години на 9 септември, а исто така беа присутни и на Модната недела во Њујорк, која се одржа од 7 до 13 септември.

Сепак, Тарнер-Смит се појави сама на неодамнешното доделување на наградите Алби, во организација на Џорџ Клуни и неговата сопруга, Амал.