Американската актерка Џоан Колинс е сензација на социјалните мрежи по појавувањето на Еми наградите.

Џоан се појави во долг фустан, кој од „глава до пети“ беше украсен со циркони. Носеше свилени долги ракавици во светло сина нијанса, што одговараше на фустанот.

Косата и беше навиткана во големи локни, а дополнително внимание привлече со јакиот црвен кармин.

За крај, таа избра дијамантски накит и го „заокружи“ целиот аутфит.

Оваа дама има 90 години и целиот интернет се восхитува на нејзиниот изглед, став и грациозност што ги покажа на големата сцена.

Покрај коментарите за восхитување, на интернет може да се најдат и коментари кои зачудено велат дека „вака може да изгледа на 90 години, само ако е вампир“.

Рака под рака со актерката Тараџи П. Хенсон, таа прошета до микрофонот и ја поздрави публиката.

„Таа има 90 години и изгледа вака. Ова значи да си родена дива“, пишува во еден од коментарите на „Твитер“.