Џејми Фокс го прекина молкот откако беше хоспитализиран поради исклучително лоша здравствена сосотојба.
Оскаровецот (55) останува во болница во Атланта каде што со денови е под опсервација откако му се слоши на снимањето на акционата комедија „Повторно во акција“.
Не е познато за каков итен случај станува збор и засега нема детали за неговата состоба.
Во средата, Џејми се огласи на „Инстаграм“ за да се заблагодари за поддршката што ја доби.
„Ја ценам сета љубов! Се чувствувам благословен!” напиша тој и додаде емотикони со раце кои се молат, срце и лисица. Фановите и познатите личности испратија убави желби и пораки во делот за коментари.
Меѓу нив беше и пејачот Лудакрис, како и Еј Џеј Меклин од „Бекстрит бојс“ кој напиша: „Брат, оздрави побргу и дојди дома“.
Актерот моментално се наоѓа во медицинска установа каде што е подложен на тестови по мистериозната случка за време на снимањето на филмот на „Нетфликс“, во кој и глуми и е продуцент.
Деталите за итната интервенција поради која Џејми е сместен во болница сè уште не се објавени, но неговите фанови продолжуваат да испраќаат љубов и молитви за брзо закрепнување.