Џејми Спирс тешко болен во болница

Date:

Џејми Спирс, таткото на поп-ѕвездата Бритни Спирс, наводно е хоспитализиран поради тешка инфекција.

Патријархот на семејството Спирс, кој 13 години, до септември 2021 година, беше костарател на ќерката Бритни со целосна контрола врз нејзините финансиски и лични одлуки, наводно веќе неколку недели е во медицинска установа, каде што се лекува од инфекција и низа други здравствени проблеми.

Во изјава за рубриката „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“ извор близок до семејството рече: „Џејми страдаше од лоша инфекција за која беше потребна операција“.

„Тој е хоспитализиран со недели во специјална установа за инфективни болести“.

Во август ТМЗ објави дека претходно 72-годишникот поминал неколку месеци во болница бидејќи лекарите биле загрижени дека има проблеми со бубрезите, но се покажало дека е тешка инфекција на коленото, 16 години по операцијата на зглобот.

Бритни се отуѓи од својот татко кога во 2021 година судот во Лос Анџелес го укина спорното старателство со широки овластувања за нејзиниот имот и приватен живот.

Пресудата беше значајна победа за Бритни, која беше под т.н. конзерваторски надзор цели 13 години по проблемите со нејзиното ментално здравје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...