Џесика Ланг е подготвена да се повлече од глумата.

Ѕвездата на „Тутси“ размислува за постапно пензионирање бидејќи преку глава ѝ е тоа што приоритет ѝ се дава на заработката пред креативноста и смета дека уметноста на снимање филмови трпи како резултат на тоа.

Таа за весникот „Дејли телеграф“ изјави: „Мислам дека ќе почнам постепено да се откажувам од снимањето филмови. Нема да го правам ова уште долго“.

„Креативноста сега е второстепена во однос на корпоративниот профит. Акцентот не е ставен на уметноста или на уметникот или на раскажувањето приказни. Сè се врти околу задоволување на вашите акционери. Тоа го намалува значењето на уметникот и на уметноста на снимање“.

Џесика жали поради, како што рече, недостигот на прекрасни филмови од навистина големи филмаџии, прекрасни приказни, големи ликови.

„Тоа сега е реткост, нели?“, додаде таа.

Оскаровката (74) потоа ги коментира блокбастерите на „Диси комикс“ и на филмскиот универзум на „Марвел“.

„Не ме интересираат овие големи филмови од серијали стрипови. Мислам дека тие ја жртвуваа оваа уметност со која се занимававме… заради профит“.

Џесика нагласи дека особено ја презира франатичната монтажа што се користи во модерните филмови наместо режисерите да остават ликовите и разговорите да се развиваат.

Ѕвездата на „Кинг Конг“ и „Поштарот секогаш ѕвони двапати“ верува дека „ејџизмот“ сè уште е присутен во Холивуд.

Таа потенцира дека стереотипите, предрасудите и дискриминацијата врз основа на возраста се очигледни во забавната индустрија.

Џесика сè уште има некои проекти во подготовка – Long Day’s Journey Into Night, во кој ќе глуми покрај Ед Харис, и биографски филм за Марлен Дитрих.

Џесика Ланг во сцена од „Кинг Конг“ (1976)