Поранешната членка на Spice Girls, Џери Халивел, во моментов се најде среде скандал, откако беа објавени непристојни пораки што нејзиниот сопруг Кристијан Хорнер ги испраќал до колешка.
Кристијан претходно беше под истрага за непристојно однесување на работното место.
Џери Халивел го запознала сопругот Кристијан Хорнер, кој е шеф на Red Bull тимот на Формула 1, во 2009-та година на забава на Берни Еклстоун во Монако, но тие двајца не почнале да се забавуваат сѐ до 2014-та година.
Во тој период нивната врска беше осудена од јавноста, затоа што за да биде со Џери, Кристијан ја напушти партнерката со која беше заедно 14 години, само 6 месеци откако се роди нивната ќерка Оливија.
Тие двајца стапија во брак во 2015-та година и заедно се грижеа за нивните ќерки од претходни бракови, а во 2017-та година го добија и синот Монти.
Се чинеше дека Џери и сопругот имаат одличен однос и дека се среќно вљубени, сѐ до почетокот на февруари годинава, кога за првпат беше објавена веста дека тој е под истрага на тимот, откако одредени вработени се пожалиле на непристојно однесување.
Истрагата траеше речиси еден месец и само неколку часа откако тимот утврди дека наводите се лажни и дека Кристијан може да продолжи со својата функција, во повеќе таблоиди беа објавени непристојни пораки и фотографии што тој ги праќал до колешка.
Вкупно 79 принтскринови со пораки биле испратени во мејл до сите поголеми редакции, а се тврди дека тоа се пораки што тој ги праќал до вработената, а дека тимот сакал да го прикрие скандалот со цел да не се разоткрие неговото вистинско лице.
Интересно е тоа што откако беа објавени дел од пораките, тие веднаш беа избришани, но на социјалните мрежи сѐ уште може да се најде по некоја фотка од нив.
Од објавените фотки може да се види дека наводно Кристијан комуницирал со некоја колешка секоја вечер пред спиење и ѝ велел дека е нетрпелив да ја види следниот ден.
Не се знае дали пораките биле дел од истрагата во Red Bull, но се верува дека тимот имал можност да ги види и затоа донел одлука дека Кристијан не е виновен.
Но, се смета дека на неговата сопруга Џери воопшто не ѝ се допаѓа скандалот во којшто се најде. Извори блиски до пејачката за Daily Mail изјавија:
„Цело време Кристијан тврди дека ништо од наведеното не е точно. Џери долго живееше во облаци и беше среќна со години, па мислеше дека тој е нејзиниот принц на бел коњ, но сега се случи ова.
Таа мислеше дека најлошото помина и беше пресреќна кога заврши истрагата против нејзиниот сопруг.
Таа беше во недоумица на почетокот кога ја почна врската со Кристијан, затоа што тој само што доби ќерка со друга жена и напорно работеше за да го поправи имиџот дека е жена која растура бракови. Ова сигурно ќе ја уништи“.
Инаку, се шпекулира дека Џери сепак ќе се потруди да покаже дека му верува на сопругот и дека ќе отпатува во Бахраин, каде што нејзиниот сопруг во наредните денови треба да присуствува како шеф на Формула 1 тимот.