Втора година по ред, 64-годишниот британски водител Џереми Кларксон е изгласан за најсекси маж во Велика Британија, на анкета на која гласаат 2000 жени на сајт за запознавање наменет за луѓе во брак.

Сајтот им дава избор од околу 50 популарни мажи од Велика Британија и бара од нив да ги оценуваат со оценки од 1 до 10 врз основа на тоа колку сметаат дека се секси.

Кларксон добил просечна оценка од 9 од 10 и е избран за најсекси маж во Велика Британија, пред Принцот Вилијамс, Идрис Елба и Килијан Марфи.

Дека не станува збор за некаква аномалија во гласањето или грешка говори и фактот дека ова е втора година како популарниот британски водител ја осојува титулата најсекси маж во Британија.

Како втор најсекси маж беше изгласан актерот Том Холанд, пред Принцот Вилијам кој беше трет, што е подобрување за него, бидејќи минатата година беше речиси на дното на листата.

На четвртото место е селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт, додека петти е Килијан Марфи, по што следува Идрис Елба.

Но, изненадувањата не се само на врвот. Актерот Рајан Рејнолдс, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Врексам во Англија, според многу други избори е помеѓу најубавите мажи на планетата, но на овој избор е само на 26. позиција.