Џенифер Лоренс призна дека го избркала Роберт де Ниро од сопствената венчавка

Date:

Холивудската актерка Џенифер Лоренс раскажала за порталот „Е! Њус“ колку стресна била нејзината венчавка со Кук Марони, која се одржа во 2019 година, додавајќи дека, како невеста, се чувствувала ужасно под тој стрес, додека се обидувала да се погрижи сите гости да се забавуваат.

„Тоа е толку стресно. Не се забавуваш. Постојано се прашуваш дали оваа личност се забавува? Никогаш нема да заборавам – се плашев дека на гостите им е ладно, а сите мои пријатели лажеа и велеа: ‘На никого не му е ладно, сè е во ред’“, изјави Лоренс за „Е! Њус“.

Оскаровката истакнала дека немала време ниту да се опушти, ниту да се забавува бидејќи постојано се грижела дали на гостите им е удобно и дали уживаат.

„Мајка ми ми рече: ‘Таму е толку ладно што твојата баба за малку ќе умреше од студ’“, додала таа.

Џенифер се присетила на уште еден непријатен настан од венчавката – кога на својот добар пријател и колега Роберт де Ниро му рекла да си оди дома од пробната вечера, ден пред церемонијата, бидејќи била убедена дека тој навистина не сака да биде таму. Инаку, таа и Де Ниро заедно ги снимаа филмовите „Silver Linings Playbook“, „Joy“ и „American Hustle“.

„Погледнав во толпата и го видов Боб, кој не познаваше никого, како талка наоколу, и веднаш помислив: „Не, ова не е она што тој сака да го прави. Не сакам да биде тука“. Затоа му пријдов и му шепнав: „Оди дома“. Тој беше љубезен, рече дека сака да разговара со моите родители и беше навистина љубезен, но јас повторив: „Оди“. Кога замина, навистина се чувствував подобро“, признала Џенифер

Џенифер Лоренс и трговецот со уметнички дела Кук Марони почнаа да се забавуваат во јуни 2018 година, откако беа претставени од заеднички пријател. На венчавката присуствуваа ѕвезди како Адел, Ејми Шумер, Ема Стоун и Крис Џенер. Во февруари 2022 година, тие добија син кого го нарекоа Си.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...