ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ „УЛОВЕНА“ СО НОВО МОМЧЕ, НЕ ГО ПУШТА ОД РАЦЕ

Date:

Поп ѕвездата и актерка Џенифер Лопез по разводот од Бен Афлек изгледа феноменално. Но, покрај тоа што се посветила себеси, многумина мислат дека има потези со кои сака да го „поткачи“ својот поранешен сопруг Бен Афлек.

Без разлика дали тоа е тактички или не, таа пред две вечери прошета рака под рака со мускулест русокос маж кој го привлече целото внимание. Додека внимателно чекореше во елегантна бела комбинација и бунда, покрај неа беше член на нејзиниот тим за обезбедување, облечен во сив костум и црна кошула.

Џенифер не го испуштала од рака.

Тој ѝ помогнал на ѕвездата да стаса до автомобилот, а камерите со задоволство сакале да го фотографираат и него.

Додека папараците ја опкружувале ѕвездата, Џенифер ја прифатила раката на својот телохранител, кој со својот извонреден шарм го привлекол вниманието на многумина.

Ако планот бил јавноста да види дека покрај себе има неверојатно згоден маж – делумно успеа. Имено, според реакциите, јасно е дека тој сепак самиот за себе добил повеќе внимание, отколку што е покрај неа. Многумина на социјалните мрежи се прашуваат која е русокосиот згоден маж покрај Џеј Ло, а исто така повеќето не мислат дека „можно е да се има строго деловен однос“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...