Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно работат на филм после 20 години

Date:

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа на снимањето на филмот „Џигли“ во 2003 година, а една година подоцна, откако станаа пар, го „делеа“ филмското платно во комедија-драмата „Девојката од Џерси“.

Двојката набргу потоа се раздели, но сега тие се повторно заедно и се подготвуваат повторно да соработуваат.

Од нивното прво заедничко појавување на екранот, Афлек има голем број на Оскари, и како режисер и како сценарист, додека Џеј Ло е етаблирана ѕведа од А-листата и во светот на музиката и во филмот.

Филмската продукциска куќа Artists Equity, која е во сопственост на Афлек и неговиот долгогодишен пријател Мет Дејмон, е подготвена да објави нов филм со Џенифер Лопез во главната улога.

„Unstoppable“ е името на филмот и ќе го означи враќањето на соработката на Џеј Ло и Афлек.

Овој пат, сепак, Афлек ќе биде зад камерите, бидејќи ќе биде продуцент.

Филмот е инспириран од вистинската приказна за Ентони Роблс, спортист со една нога, кој победи на националното првенство претставувајќи го Државниот универзитет во Аризона.

Филмот ќе го режира уште еден од партнерите на Афлек и Дејмон, Вилијам Голденберг, кој ќе го има своето режисерско деби, а до сега веќе работеше заедно со Афлек на филмови како „Арго“, добитник на Оскар за најдобар филм.

Тоа ќе биде и првата официјална соработка меѓу Афлек и Џеј Ло како маж и жена, иако Афлек веќе призна дека Џеј Ло влијаела и на филмот „Ер“, кој треба да излезе наскоро на големото платно.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...