Ќе се заштитува спелеолошкото богатство во три пештери во Кавадарци каде штети прават диви ископувачи

Date:

Спелеолози ќе заштитуваат три пештери во кавадаречко. Од кавадаречката локална самоуправа и од планинарско спортско друштво ,,Орле” во кое има и спелеолошки клуб, потврдија дека станува збор за проект поддржан од општинскиот буџет.

– Сакаме да ги заштитиме колониите на лилјаци и самите пештери од несовесни поединци кои нестручно влегуваат во спелеолошки објекти и прават штети.

Станува збор за пештерите ,,Арамиска”, ,,Чулејца” и ,,Драгожелска пропаст”. Ќе бидат поставени автентични своевидни заштитни врати со што ќе се обезбедат овие спелеолошки богатства, а ќе изработиме и студија за нивна заштита. Ќе бидат поставени и информативни табли, на кои сите вљубеници во спелеолошкиот туризам, ќе бидат информирани за локацијата на овие пештери и нивните карактеристики како и за пристапот до нив, појасни Никола Минчоров, претседател на ,,Орле”.

Тодор Ефремов, секретар во кавадаречката локална самоуправа, рече дека Општината лани издвоила околу пет, а годинава околу шест милиони денари за невладини организации и здруженија. Дел од нив средства добиваат преку јавен повик на кој конкурираат со проекти. Друг дел пак, каде што спаѓаат активности на лица со попреченост или во социјален ризик и стратешки активности како оние поврзани со лозаровинарството, се финансираат со одлука на општинскиот совет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...