Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска неодамна ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски ќе станат родители.
Талентираната 22-годишна пејачка ужива во бременоста, но поради новата улога која ја очекува Антониа донесе важна одлука поврзана со нејзината кариера.
„Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа…“, напиша пејачката на Инстаграм и откри дека ќе паузира од настапи и ќе се посвети на бременоста и нови песни.
Таа објасни дека нема да настапува извесен период, ама ќе работи во студио на нови песни.
„Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија“, вели младата пејачка.
Како потсетување, Антониа Гиговска го прослави нејзиниот 22. роденден минатиот месец, во друштво на нејзиното момче Роберт Спасенцовски.
Двојката беше на патување во зимскиот центар Копаоник во Србија, чија снежна идила се покажала како совршено место за романтично запросување. Тогаш, со објава на социјалните медиуми, Гиговска сподели дека е бремена и дека Спасенцовски ѝ понудил брак.
Претходно, пејачката беше во подолга љубовна врска со пејачот Иван Јованов од музичката група „Либеро“. Роберт Спасенцовски е, исто така, музичар и е син на пејачот на народна музика Боби Спасенцовски.