Ќе добие ли Македонија комунална полиција

Date:

Македонија се гуши во отпад. Иако со години се најавува воведување на комунална полиција, која што би вовела ред во неконтролирањето форлање на отпад и создавање диви депонии на секој чекор, идејата засега останува само на хартија. Министерката за животна средина, Каја Шукова, вели дека е потребна поголема јавна свест отколку казнување, но додава дека се размислува и за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. Но, може ли комунална полиција да ги „дисциплинира“ граѓаните да не фрлаат отпад насекаде?

Идејата, според министерката за животна средина е, комуналната полиција да може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место. Шукова смета дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку и да остане чисто и понатака. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова информира дека се уште ги чекаат лабораториските анализи од отпадот во депонијата во Орман и дека очекува најдоцна до понеледник да бидат готови. Најави дека во овој случај ќе бидат изречени парични казни и најверојатно и кривични пријави за прекршителите. Посочи дека процесот веќе оди во таа насока.

-Лабораториските анализи уште ги чекаме, за жал. Секој ден сме во контакт со лабораторијата, заедно со Државниот инспекторат за животна средина. Ветија дека ќе ги имаме најдоцна до понеделник. Утврдивме дека таму има незаконски дејствија. Носена е згура од Пробиштип во Скопје и оној што го направил прекршокот прво ќе го санира местот, а и ќе плати за прекршокот. Нема да дозволиме во иднина повторно истата активност да се случува не само во Скопје, туку и на локацијата од каде што доаѓа згурата. Точно знаеме за што се работи, какви активности имало, само чекаме за каков тип на отпад станува збор, рече министерката на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

Не би сакала, додаде, да шпекулирам додека не ги добиеме резултатите, но мислам дека во понеделник ќе ги има и Државниот инспекторат за животна средина заедно со Министерството ќе ја информира јавноста.

На новинарско прашање дали ќе побара одговорност од сопственикот на отпадот, Шукова истакна дека во моментов не може да даде други податоци бидејќи, како што рече, целата оваа постапка се води од Градот Скопје, а не од државата.

-Не можам во моментов да ви кажам, бидејќи Градот Скопје ја води постапката, а не државата. Таа е во локална надлежност. Слушнавме дека станува збор за приватен плац, а дали станува збор за лице или фирма, тоа во моментов не можам да ви кажам, бидејќи на увид не беше Државниот инспекторат, туку локалниот инспекторат. Кога ќе има информации Градот Скопје, мислам дека соодветно ќе ја информира јавноста. А ако им треба помош, во секое време може да се обратат до Државниот инспекторат за соодветна помош, рече таа.

Шукова нагласи дека Минисерството во 2020 година од својот буџет одвоила 20 милиони денари за чистење на депонијата во Визбегово, иако се расчиствува, како што рече, граѓаните постојано ја наполнуваат депонијата со отпад.

-Министерството во 2020 година од својот буџет одвои 20 милиони денари кои што ги даде на Градот Скопје и на Јавното комунално претпријатие за таа депонија да се исчисти. Исчистена беше површината и точно се знае површината, но сега во моментов ги немам бројките пред мене. Меѓутоа во овие години, за жал, таа повторно стана нелегална депонија. За жал, граѓаните повторно ја наполнија депонијата. Имаме и еден случај во последните денови, кој е ингеренција на Градот Скопје и знам дека излегоа на увид и таму има на некој приватен посед каде што се носи и се создаваат количини на отпад и тоа е неоправдано и спротивно на законот. Ги охрабрувам Градот Скопје и Инспекторатот да се реши овој случај соодветно, бидејќи не можеме да дозволиме во било кои средини, а особено во градските средини да создаваме диви депонии кои влијаат сериозно на здравјето на граѓаните, рече таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Рецепт за посна салата со макарони

Состојки:половина праз, 200 гр шампињони, 200 гр посни макарони,...

Шпанскиот тренер Раул Алонсо ќе го води Еурофарм Пелистер до јуни 2026 година

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го промовираше Раул Алонсо...

Ниту еден кошаркар нема остварување како Никола Јокиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра неверојатно на почетокот на...

По поразот од Синер, Де Минор загуби и од Медведев

Данил Медведев го победи Алекс Де Минор во два...