Нејзината одлука ја шокирала актерката, а се однесува на нејзиниот татко Бред Пит!

Шајло чека да стане полнолетна во мај, па да го оствари тоа што го наумила.

Шајло Џоли-Пит, најстарата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, донела одлука која воопшто не ѝ се допаднала на нејзината мајка. Како што пишува магазинот „Стар“, Шајло која од самото раѓање е под будното око на јавноста, одлучила да го продолжи животот под покривот на нејзиниот татко Бред Пит.

Таа го обожава својот татко

Шајло, која изгледа како го наследила најдоброто од двајцата родители, наскоро ќе стане полнолетна и ќе може да избира каде и како ќе живее. Таа ќе го прослави полнолетството на 15-ти мај, по што ќе се исели од домот на популарната актерка, која сè уште се суди со поранешниот сопруг околу старателството над децата, како и за дел од заедничкиот имот.

– Шајло не е несреќна кај Анџелина, но сака промена. Таа го обожава Бред и отсекогаш била девојчето на тато, изјавил извор за Стар.

Анџелина, се разбира, не е задоволна од одлуката на нејзината ќерка, но свесна е дека во моментот кога Шајло ќе наполни 18 години, веќе нема да може да влијае на неа и на нејзините одлуки.

Покрај Шајло, парот ги има и биолошките близнаци Вивијан и Нокс, како и посвоените деца Медокс, Пакс и Захра.

Додека растеше, Шајло честопати беше мета на озборувања, особено кога се облекуваше како нејзините постари браќа. Но, во последниве години таа израсна во вистинска убавица која плени со својот изглед каде и да се појави.

За разлика од биолошките наследници, посвоените деца на Бред Пит се во лоши односи со него. Медокс има свој живот, Пакс, наводно, не зборува со својот татко по озлогласната кавга во авионот, додека Захра повеќе не го користи неговото презиме.