Џејми Фокс излезе од болница и „закрепнува“, вели неговата ќерка.
Корин Фокс, ќерката на Џејми, се огласи на Инстаграм за да ја објасни состојбата на нејзиниот татко , оспорувајќи ги тврдењата дека семејството се подготвува за најлошото .
„Ново соопштение од семејството: Жално е да се види како известуваат медиумите“, изјави Корин на Инстаграм.
„Татко ми е надвор од болница со недели и се опоравува. Впрочем, тој вчера играше пиклбол! Благодарам за молитвите и поддршката на сите!“ додаде таа.
Џејми Фокс (55) првпат беше хоспитализиран во Атланта, Џорџија, на 12 април, поради „медицинска компликација“.
Неговата ќерка најпрво ја сподели веста на социјалните мрежи пишувајќи: „Сакавме да споделиме дека мојот татко, Џејми Фокс , вчера доживеа медицинска компликација. За среќа, поради брзата акција и големата грижа, тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку е сакан и ги цениме вашите молитви. Семејството бара приватност во овој период“.
Пред да биде итно пренесен во болница, Фокс работеше на филмот „Back in Action“ со актерката Камерон Дијаз.