Британската дизајнерка на накит и ќерка на легендарниот музичар Мик ЏегерЏејд Џегер (51) е уапсена на Ибица поради наводен напад на полициски службеници, кој се обидувала да посредува во спор во ресторан, пишуваат шпанските медиуми.

Џегер била на вечера со пријател (31), за кој се претпоставува дека е нејзиниот нов дечко Ентони Хинксон, но по некое време почнале да бидат агресивни и насилни кон персоналот во ресторанот. Дизајнерката, наводно, била видно пијана. Нејзиниот пријател, наводно, почнал да се дере, да ги навредува вработените во ресторанот и да им се заканува. Додека се случувал инцидентот, била повикана и полиција.

Полициските службеници бргу пристигнале на местото и се обиделе да ја смират ситуацијата. Но, пријателот на Џегер, наводно, почнал да ги напаѓа полицајците, да ги турка и да ги нарекува „расисти“. Инцидентот ескалирал кога тој нападнал полицајка и почнал да ја бутка и да ја гребе.

Тогаш Џегер, наводно, излегла од ресторанот и почнала да им се дере на полицајците: „Глупава полицијо“, „Е*ете се, полицијо“.

На крајот, полицијата успеала да ги уапси и да ги однесе во полициска станица.